ВИДЕО: Монако победи кога најмногу требаше, Лион обезбеди ЛШ! 

Фудбалерите на Монако ја извојуваа најголемата победа оваа сезона и се на чекор до опстанок во француската Лига 1. Тимот од кнежевството со сигурни 2-0 (1-0) славеше во дербито на дното со Амиен и сега со 36 бода има три повеќе од Каен, кој е на 18-та позиција (последна која води во втората француска лига). 

Големата победа на Монако ја обезбедија Фалкао и Головин со голови во 26. минута, односно на осум минути пред крај. Во последното коло Монако  бод, вреден опстанок, ќе брка на гости кај Ница, додека Каен ќе се сретне со Гинкамп. 

Екипата на Лион завршува уште една успешна сезона. По одличниот настап во Лигата на шампионите, некогашниот освојувач на Лига 1 со вечерашната победа над Каен повторно се избори за учество во најелитното натпреварување на фудбалска Европа. Депај со два, Корне и Дембеле со по еден гол беа творци за убедливата победа на Лион од 4-0. 

Шампионот ПСЖ со победа од 4-0 над Дижон се прости од своите гледачи оваа сезона (Ди Марија, Кавани, Мбапе (2), додека вицешампионот Лил со убедливи 5-0 го уништи Анжер. 

  • Извештај од натпреварот ПСЖ - Дижон: