• Иван Димовски
Фудбалерите на Париз приредија големо изненадување и убедливо славеа против Монако со 4-1 во првиот натпревар од 29. коло во Лига 1.
Домашниот тим одигра фуриозно од стартот и практично го реши натпреварот уште во првите дваесетина минути. Резултатот го отвори Џонатан Иконе во четвртата, а веќе во осмата за 2-0 погоди Чиро Имобиле. Во 21. минута со вториот гол на Иконе домашните поведоа со огромни 3-0. Пред паузата Монако намали преку Фоларин Балогун.
Сепак, во продолжението Париз со голот на Колеошо во 71. минута стави точка на натпреварот и ги постави конечните 4-1.
Со овој пораз прекината е серијата од седум победи по ред на Монако, а борбата за пласман во Лигата на шампионите дополнително се комплицира. Монако останува на петтата позиција со 49 бода, додека Париз напредува и сега има 35 на 12. место.









