ВИДЕО: Монако конечно победи во Лига 1, Стразбург слави во голеадата против Бордо

Фудбалерите на Монако конечно им ставија крај на лошите резултати во домашниот шампионат и по четири кола без победи, вечерва ги израдуваа своите фанови со триумф над Анжер. Избраниците на Нико Ковач во вистински момент одиграа натпревар како што се очекува од нив и со сигурни 1-3 му го нанесоа четвртиот пораз на директниот ривал за излез во Европа. 

  • Анжер - Монако 1-3:

Боаду и Диоп со голови во првото полувреме ja најавија одличната партија на гостите од Монако, додека точка на натпреварот стави Дисаси во 73. минута. Единствениот погодок за домашните беше дело на Нубел, кој во 55. минута си постигна автогол. Со оваа победа Монако направи скок од две места на табелата во Лига 1 и со 23 бода го зазеде седмото место, додека Анжер е осми со еден бод помалку. 

Фудбалерите на Стразбург и Бордо го одиграа највозбудливиот натпревар од вечерашната програма во Лига 1, откако во натпревар со седум гола, голема победа извојува домашниот тим од 5-2.

На останатите натпревари Троа со сигурни 2-0 славеше над Лориент, Мец загуби дома од Монпелје (1-3), додека Брест со еден постигнат гол беше поуспешен од Сент-Етјен. 

  • Брест - Сент-Етјен 0-1: 

Вечерва се играат преостанатите натпревари од 15. коли на Лига 1, вклучувајќи го и дербито меѓу ПСЖ и Ница.

Состави

Alexandre Dujeux

3-5-2

    Ади Хутер

    4-2-3-1