• Мартин Танасковски
Екипата на Монако освои три бода на гостувањето кај Анже (0-2) и така ја продолжи трката за едно од местата кои по крајот на сезоната водат во Лигата на шампионите.
Кнезовите се мачеа, ама во последните минути од дуелот го скршија отпорот на ривалот. Се играше без голови се до 77. минута кога Биерет по асистенција на Кајо Енрике го отвори мечот, а потоа следеше гол во 87. минута од пенал на Аклиуче, за потврда на триумфот.
Монако со оваа победа скокна на третото место во француската Лига 1 со 47 бода, исто колку што има и четвртопласираната Ница. Инаку, третото место е последно од Франција кое води во ЛШ.
Токму во следната рунда имаме битка за оваа позиција, затоа што Монако ќе ѝ биде домаќин на Ница.