ВИДЕО: Монако ја има замената за Мбапе - Лукас Аларио се сели на „Луј Втори“

Раководството на Монако по пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, не застанува и веќе ја прави конструкцијата на тимот за наредната сезона, бидејќи е повеќе од сигурно дека нивниот најдобар играч Мбапе ќе се пресели во некој од европските гиганти.

Поради тоа по обезбедувањето на потписот на играчот од средниот ред Јури Тилеманс, кој настапува за тимот на Андерлехт, во малото кнежество во наредните неколку дена ќе пристигне и еден Аргентинец. Се работи за Лукас Аларио, кој настапува за тимот на Ривер Плата, а според најновите информации челниците на Монако се одлучиле да ја платат откупната клаузула која изнесува 18 милиони евра, па останува уште официјализирање на трансферот.

24-годишниот Аларио во 2015 година од тимот на Колон се пресели во Ривер Плата за само 1 милион евра. На 56 натпревари за тимот од „Монументал“ постигна 24 гола и притоа седум пати асистираше.