• Мартин Танасковски
Екипите на Монако и Ленс го поделија пленот (1-1) во рамки на првиот натпревар во денешната програма од француската Лига 1.
„Кнезовите“ може да жалат за овој резултат повеќе, затоа што имаа предност во самиот финиш, но ја испуштија поради едно невнимание.
По првиот дел со многу шанси, ама без голови, Ленс погоди во 79. минута преку Лабеу-Ласкари, но голот беше поништен со ВАР поради фаул, а потоа во 84. минута Монако возврати преку Закарија и дојде до 1-0. Сепак, во 93. минута поради игра со рака во казнениот простор судијата му додели пенал на Ленс, кој во гол го претвори Франковски.
Монако и Ленс имаат по седум бода на табелата во Лига 1.