• Мартин Танасковски
Екипата на Монако на гостински терен ремизира со Нант (2-2) и така трето коло по ред е без триумф во рамки на француската Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
Кнезовите имаа негатива од два гола, но на крајот останаа непоразени. Можеа и повеќе затоа што имаа шанси да постигнат и трет гол, но противничката одбрана не дозволи пресврт пред својата публика.
Се играше 12. минута кога Нант дојде до предност преку Аблине, а по паузата, на стартот на вториот дел, „канаринците“ зголемија на 2-0 со погодокот на Амиан. Монако експресно се врати со два гола на Емболо и Салису во осум минути, од 52. до 60. минута, а потоа имаа прекрасна можност преку Емболо за пресврт, ама Нант се спаси од гол-линијата.
Монако е на третото место во Лига 1 со само една победа во пет кола, додека Нант е четиринаесетти на табелата.