Монако го тестира шампионот во дербито на колото во Франција

Пари Сен Жермен уште не е на нивото кое го посакува Луис Енрике. Шпанскиот стручња полека, но сигурно ја менува филозофијата во играта на „светците“, но се работи за долг процес кој бара доста жртви, дури и во вид на загубени бодови. 

Без оглед на сите киксови досега, ПСЖ пред репрезентативната пауза успеа да избие на првото место во Лига 1 и тоа благодарение на Ница. Така шампионот дербито со Монако го очекува полн со самодоверба и решен да ја продолжи победничката низа.
Не сметајќи го поразот од Милан во Лигата на шампионите, парижани имаат низа од пет триумфи во првенството, а на пет од седум дуели во Лига 1 не примија ниту гол. 

Сите квоти во МОZZART за натпреварот ПСЖ - Монако

Монако се мачи на гости и тоа е негов најголем проблем сезонава. На претходните два натпревари „кнезовите“ не постигнаа ниту гол, славеа само еднаш во последните пет наврати.
Сепак, со ПСЖ имаат доста добар скор во претходниот период. Минатата сезона на „Паркот на принцовите“ беше 1-1, додека дома славеа со 3-1. Сезона претходно монако како домаќин славеше убедливо дома – 3-0. Сметајќи ги последните седум пресметки, „црвено-белите“ имаат дури четири победи против големиот ривал.

Со головите бидете внимателни. Само двапати од 2021 (на шест натпревари) доаѓаше 3+. Дури и ГГ редовно изостанува. Похрабрите би можеле да се обидат со двојна шанса на гостите.