Монако го позајми Барека во Џенова, Пандев има нов соиграч во тимот

Џенова има нов лев бек за следната сезона. Клубот на нашиот Горан Пандев го доведе на позајмица Антонио Барека од Монако и фудбалерот веднаш се приклучи на подготовките во Австрија.

Барека играше во Серија А во дресот на Каљари пред да се пресели во Франција, но таму не се снајде најдобро и во потрага по континуитет ќе игра на „Луиџи Ферарис“. Младиот фудбалер минатата сезона за екипата на Жардим и Анри одигра само десет натпревари и впиша две асистенции.

24-годишниот Барека е производ на школата на Торино, а за младата селекција на Италија запиша 14 настапи.