Монако е во налет, Ференцварош го чека „пекол“ во кнежевството

Монако

Не победува во фудбалот секогаш поквалитетниот тим, ниту оној кој на терен остави подобар впечаток. Така беше и во првото коло во групата Х во Лигата на Европа во кое Монако не само што го преживеа гостувањето кај Црвена Звезда во Белград, туку и поради промашените шанси на домашните, дома си замина со цел плен.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лига Европа >>>

Нешто слично се случи и во Унгарија каде Феценрварош и покрај тоа што Трабзон беше многу поопасен и поконкурентен ривал, успеа да впише победа (3-2) на премиерата. Втората рунда носи пресметка на Монако и Фради и тоа во кнежеството каде двата тима ќе се борат да го задржат максималниот учинок. Членот на Лига 1 имаше доста скромен старт во елитата затоа што по пет кола имаше толку бодови. Успеа да му скине бод на ПСЖ (1-1) и тоа на Паркот на принцовите, а ситуацијата на табелата дополнително ја сменија врзаните победи во изминатите две кола против силните ривали Лион и Ница. Победата против Звезда покажа дека тимот на Филип Клемон е доволно искусен да освојува бодови дури и кога работите на терен не одат како подмачкани.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Монако - Ференцварош >>>

На спротивната страна, составот од Будимпешта е апсолутно доминантен во домашниот шампионат и го отвори со шест врзани победи. Уште поимпресивна е и гол-разликата 18-1. Дуелот на Фради против Трабзон му покажа на Монако дека ќе мора да има посебно внимание кон напаѓачкото дуо Токмак Чол Енгуен – Адама Траоре кое беше заслужно за сите три гола против Олујата од Црното море. Монако ќе биде фаворит на стадионот Луј Втори, па така Ференцварош од него ќе си оди соо празни џебови, или евентуално со бод.