ВИДЕО: Монако доминираше, но со бод ја отвори сезоната во Лига 1

Дербито на првото коло во француската Лига 1 заврши без победник, откако бодовите ги поделија екипите на Монако и Ремс (2-2).

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот на „Луј Втори“, кој се играше пред ограничен број гледачи, започна со два брзи шока за домашните фудбалери. Дефанзивната линија на Ковач како сè уште да беше на подготовки и двапати им подари голови на гостите. Ремс поведе уште во петтата минута од натпреварот, откако Диа го пронајде патот до голот на Монако и донесе разочарување кај домашните фанови, додека 16 минути подоцна по една грешка на комплетната одбрана на „кнезовите“, Туре зголеми на 0-2.

Сепак, до крајот на првиот дел Монако успеа да го поправи впечатокот и на одмор замина со 1-2, откако по еден прекин погоди Дисаси. Во вториот дел иако Монако имаше тотална доминација успеа само да израмни, откако конечните 2-2 го постави Бадијашил во 55. минута.

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло гостува кај Мец, додека Ремс пред својата публика ќе го пречека Лил.