ВИДЕО: Монако до петта победа по ред, Лил нов лидер во Лига 1

Монако продолжи да игра во одлична форма во Лига 1 и со победа над Нант на гости (1-2) сериозно фати приклучок во горниот дел на табелата и во трката за Лигата на шампионите.

  • Нант - Монако 1-2:

Тимот од кнежевството тргна со победи и не може да застане. За Монако ова беше петта победа во низа, а ја донесоа Гиљермо Марипан и Кевин Фоланд. Двајцата тресеа мрежи во 45. и 60. минута, па погодокот на Емонд пред крајот беше само почесен.

  • Лил - Дижон 1-0:

Лил, пак, на домашен терен го совлада Дижон (1-0) и со минималецот се искачи на врвот. Киксот на ПСЖ го казни турскиот фудбалер Јусуф Јажици со погодок во првиот дел од натпреварот на стадионот „Пјер Моруа“.

Лил поради победата дојде до бројката од 48 бода и има два повеќе од второпласираниот Лион, а три од третопласираниот ПСЖ.