Моментот кој го спречи Роналдо уште против Франција да го сруши рекордот на Али Даеи

Роналдо Србија

Се сеќавате на протестите на Кристијано Роналдо во завршницата од мечот против Србија во Белград?

Португалскиот капитен не доби шанса да се израдува на победнички погодок во самата завршница. Мундијалските квалификации се играат без користење на ВАР-технологија, па Португалија беше оштетена од судиите, кои не покажаа на центарот, по очигледниот погодок на својот фудбалер.

Ѕвездата на Јувентус постигна пет гола на Европското првенство. Со последниот против Франција се израмни на вечната листа играчи со најмногу голови на репрезентативно ниво.

Засега рекордот го дели со славниот Иранец Али Даеи. Да не беше грешката на дуелот во Белград, Роналдо веќе ќе беше осамостоен на врвот и ќе го имаше срушено достигнувањето кое стои недопрено долги години.