• Мартин Танасковски
Понекогаш фудбалот е многу повеќе од игра, а токму таков момент беше виден на натпреварот меѓу АЗ Алкмар и Телстар.
Во 12. минута од средбата, целиот стадион му оддаде почит на голманот на Телстар, Роналд Куман Џуниор, кој неодамна ја загуби својата мајка. И покрај тешката семејна трагедија, тој собра сила да застане меѓу стативите и да му помогне на својот тим.
Емоциите кулминираа кога на видео-бимот беше прикажана фотографија од неговата мајка. Куман Џуниор не можеше да ги сокрие солзите, а трибините одговорија со долг аплауз и силна поддршка.
На стадионот беше истакната и пораката: „Поддршка за семејството Куман“, додека илјадници навивачи, без разлика на клубската припадност, му оддадоа почит на голманот.
Ronald Koeman Jr. geraakt door eerbetoon aan zijn moeder #AZTEL pic.twitter.com/2fC5hqtcsy
— ESPN NL (@ESPNnl) September 20, 2026
Во тие моменти резултатот беше во втор план. Немаше противници, немаше ривалство, туку само човечност и поддршка за човек кој минува низ еден од најтешките периоди во животот. Фудбалот уште еднаш покажа дека најсилните моменти не секогаш се создаваат со голови, туку со гестови што обединуваат и оставаат траен белег.




