• Саше Љолес
Ливерпул без поголеми проблеми го совлада тимот на Акрингтон во третото коло на ФА Купот со убедливи 4-0, а на овој натпревар беше запишан нов историски момент за „црвените“.
Во почетниот тим имаше место и за 16-годишниот талент Рио Енгумоха, кој стана најмладиот стартер во историјата на славниот англиски клуб. Тинејџерот мина 72 минути на теренот и доби оценка 6,9 - сосема солидна како за дебитантски настап во сениорска конкуренција.
A new Reds record in the #EmiratesFACup pic.twitter.com/fOcsZfCiQu
— Liverpool FC (@LFC) January 11, 2025
Енгумоха игра на позицијата лево крило, а во Ливерпул пристигна минатата година од редовите на Челзи. Младото момче беше во тимот за натпреварот против Саутемптон во ФА Купот, но тогаш не доби шанса од тренерот Арне Слот, а овој ден сигурно ќе го памети до крајот на животот.