• Мартин Танасковски
Хрватската легенда Лука Модриќ остана уште една сезона во Реал Мадрид и така си ја продлабочи легендата во кралскиот клуб, со тоа што стана најтрофеен играч во историјата на најславниот фудбалски колектив.
Плејмејкерот се најде во тимот во Суперкупот на УЕФА против Аталанта и по победата на европскиот првак тој на 38 години на листата ги мина Начо и Карвахал, кои зад своето име имаат по 26 освоени трофеи. Сега тој е осамен на врвот, со вкупно 27 одличја.
Модриќ шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати се радува на титула во Примера, двапати го освои Купот на Кралот, а има пет титули во Суперкупот на УЕФА, четири на ФИФА Светското клупско првенство и уште пет во Суперкупот на Шпанија.