МОМЕНТ ЗА ИСТОРИЈА: Дарко Чурлинов стана најмладиот дебитант во сениорската селекција!

Дарко Чурлинов, 16-годишниот фудбалер кој настапува за Келн, официјално стана најмладиот фудбалер кој го облекол дресот на А-селекцијата на Македонија.

Чурлинов, кој важи за еден од најталентираните млади фудбалери во нашата земја и кој во А-селекцијата беше прекомандуван од У18-тимот, влезе во игра во 82. минута, на местото на Езџан Алиоски со што на врвот на листата на најмлади дебитанти го замени Тауљант Сулејманов, кој дебитира на 17 години и 6 месеци.

На листата зад Чурлинов, кој во А-тимот настапи со 16 години и осум месеци, како и Сулејманов, се наоѓа капитенот Горан Пандев.