ВИДЕО: Момент од ПМФЛ се најде во урнебесниот клип за новата „Бетон Суперлига“!

Суперлигата на богатите не издржа ниту 48 часа, а светот се шегува со сите оние кои сакаа да го „заробат“ фудбалот од сиромашните. Од Србија ни доаѓа урнебесен „проект“, наречен „Бетон Суперлига“, во кој ќе играат најаматерските екипи од регионот.

Оние кои се шегуваат за натпреварувањето дури си направиле и свој профил на „Твитер“, каде објавуваат комични статуси. Македонија има и свој „претставник“, тоа е кочански Осогово, што може да се види и по „официјалниот плакат“ на Бетон Суперлигата.

Во видеото, поставен е и комичниот момент на дуелот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев од пред некоја сезона, кога Стефан Костов доби директен црвен картон поради тоа што внесе топка на терен и ја удри онаа со која се играше при акција.

  • Официјалната „најава“ за Бетон Суперлигата:

Во продолжение, погледнете ја најавата за „Бетон Суперлигата“.