Момент на викендот: Голманска историја во режија на синот на Куман! (ВИДЕО)

Синот на доскорешниот холандски селектор Роналд Куман, Роналд Куман Јуниор, испиша историја во Ередивизија откако стана првиот голман кој постигнал два гола на еден натпревар во најсилната холандска лига.

Неговиот Телстар беше на работ на пораз против Камбур, губеше со 0-2 на домашен терен и повеќе од 80 минути играше со фудбалер помалку. Сепак, домаќините успеаја да стигнат до бод, а главен херој беше токму голманот Куман.

Тој најпрво реализираше пенал во 63. минута и го намали резултатот, а потоа во 11. минута од судиското продолжение повторно беше сигурен од белата точка за конечни 2-2.