• Мартин Танасковски
Данска ја победи Португалија на „Паркен“ и уште еднаш покажа дека од циклус во циклус станува се посериозна селекција, а мечот го одлучи еден погодок.
Човек на одлука во Копенхаген беше играчот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Погоди додека течеше 78. минута и така му донесе триумф на скандинавскиот тим над Португалците.
Моментот кој ги украде сите погледи беше прославата. Данецот прослави со „Сиуууу“, прослава која е заштитен знак на Кристијано Роналдо. И тоа баш пред очите на фудбалската икона.
Фоторепортерите го фатија моментот, а фотографијата стана хит на социјалните мрежи.