Момент на колото: „Бомбата“ на Митревски не ја фаќаа ниту двајца голмани (ВИДЕО)

Второлигашите го одиграа 25-тото коло, а најдобриот гол падна на дуелот меѓу Башкими и Вардарски, каде домашниот тим победи со 2-0 и го држи чекорот со лидерот Македонија ЃП.

Долго време Башкими се мачеше да го скрши отпорот на аутсајдерот, а тоа дојде по еден слободен удар во 78. минута. Од десната страна од прекин погоди Христијан Митревски кој покажа дека има „топ“ во нозете.

  • Голот на Христијан Митревски со Вардарски:

На табелата, Македонија ЃП и Башкими се на врвот со по 56 бода, зад нив е Арсими со 54 бода. Четврта е Брегалница со 51 бод.