• Горан Упале
Еуфоријата во Босна и Херцеговина по пласманот на следното Светското првенство продолжува. БиХ на Мундијалот се квалификуваше по драматично избедените пенали против Италијанците во Зеница. Секој ден излегуваат нови детали од овој историски настан, а се појави и интересна приказна каде што херој беше младиот Афан Чизмиќ.
Додека Италијанците го изведуваа првиот пенал, Џанлуиџи Донарума остави парче хартија со упатства како и каде шутираат домашните фудбалери.
Кога виде што направил Италијанецот, собирачот на топки Чизмиќ стана херој во целата оваа лудост. Тој дотрча до гол-аут линијата го украде парчето хартија со упатства на Донарума од неговиот пешкир, со што на еден начин му помогна на својата репрезентација.
„Овие упатства многу им значат на голманите. Кога му го одзедов овој лист хартија на Донарума, тој на сите пет пенали се фрли налево. Кога се вратив дома, му го покажав листот хартија на татко ми. Се договоривме да го ставиме листот хартија на аукција и да ги донираме парите во добротворни цели“, рече младиот Афан.
@denismjcc Jedan od bitnijih detalja na utakmici Trenutak kada je "posuđen" Donnarummin papir sa izvođačima jedanaesteraca naše reprezentacije #bosna #fyp #penalty #donarumma #italy @Gigio son original - My Quotify
Кога сфати дека му го нема шалабахтерот, Донарума полуде и почна да се расправа со обезбедувањето и полицијата, а младиот Чизмиќ итро побегна на другата страна.



