• Иван Димовски

Актуелниот шампион на Африка, селекцијата на Сенегал ја дочека Руанда во дуел од квалификациите за следниот Африкански куп на нации. Средбата заврши со нерешени 1-1, а на неа ги немаше главните ѕвезди на Сенегалците.
Овој натпревар, селекторот Алиу Сисе го искористи како шанса во првиот тим да му даде шанса на младиот Амара Диуф. Се работи за момче кое испиша историја и со само 15 години и 94 дена дебитира за својата репрезентација.
Диуф инаку игра како лево крило, настапуваше за младинските селекции на Сенегал, а сега селекторот Сисе му даде шанса за деби и со сениорите. 15-годишното момче беше водечки стрелец на Африканскиот куп на нации за играчи до 17 години, водејќи го Сенегал до златен медал.