Молк во Сплит: Динамо го претстави најзвучното засилување летово

Управата на Динамо Загреб го потврди првото звучно засилување за следната сезона. Во таборот на „модрите“ се враќа репрезентативецот Марко Пјаца, кој во минатата сезона го носеше дресот на Ријека. 

Пјаца пред точно осум години замина од Динамо во Јувентус за сума од 29 милиони евра, но никогаш не се наметна во првиот тим на славниот калчолигаш. Потоа беше на неколку позајмици во Шалке, Фиорентина, Андерлехт, Џенова, Торино и Емполи, а во Ријека одигра 27 мечеви и постигна седум гола. 

Пјаца е воедно и повремен хрватски репрезентативец, а во дресот на „коцкестите“ досега настапи на 26 натпревари и постигна еден гол. Навивачите се среќни што се враќа во клубот каде комплетно блесна со сиот сјај и веќе му посакаа топло добредојде.