Молк во Победа: Засилувања нема, а заминаа тројца фудбалери!

Иако минатиот месец беше најавен новиот сопственик на култниот македонски клуб, прилепска Победа, клубот е целосно пасивен ова лето и не се знае перспективата на некогашниот шампион и Куп-победник. 

Ссимпатизерите, навивачите, сите оние што го сакаат клубот секојдневно се интересираат и за најситните детали. Досега се знае дека новиот Управен одбор беше формиран на 24 април.  Тогаш беше формиран нов Управен одбор со вкупно осум члена: Јана Мицковска – Попоски, Небојша Стојковиќ, Владимир Мирчески, Сашко Попоски, д-р Весна Неделковска, Димитар Трајков, Горан Зечевиќ и Александар Крстески.

Прв човек на Победа е Јана Мицковска – Попоски, сестра на сопственикот од Соединетите Американски Држави, Александар Мицковски. Таа е втората жена претседател на Победа, по Ирена Јакимовска.

Нови фудбалери во преодниот рок уште нема, а заминаа Иван Николоски, Јусуф Каба и Метин Ќерими.

Подготовките се планираaт да почнат следната недела.