• Горан Упале
Фенербахче убедливо води против Коњаспор со 4-1 во второто коло од турската Суперлига, но натпреварот во Истанбул падна во втор план по страшната сцена со Керем Актуркоглу.
Напаѓачот на Фенербахче по еден воздушен дуел на почетокот од второто полувреме падна на тревникот и остана неподвижен. Медицинската екипа веднаш истрча на теренот, а на Актуркоглу му беше укажувана помош неколку минути.
KEREM AKTÜRKOĞLU BAYILDI!
GEÇMİŞ OLSUN KEREM! pic.twitter.com/2hpFsoiAaH
— Gol Anında (@golanindatv) August 22, 2026
Според првичните информации, турскиот репрезентативец во еден момент ја загубил свеста, по што било јасно дека не може да го продолжи натпреварот. Актуркоглу веднаш бил пренесен со возило на итната медицинска помош во болница, додека прекинот траел речиси десет минути.
Kerem Aktürkoğlu hastaneye kaldırıldı. pic.twitter.com/PWJPFV7PsZ
— Berşan Taşkaya (@BersanTaskaya) August 22, 2026
Најважното е што првичните информации се охрабрувачки, поточно Актуркоглу е свесен и, според достапните информации, е надвор од животна опасност.





