• Мартин Танасковски
Екипата на Црвена Звезда го заврши европскиот сон. Иако имаше предност од еден гол од првиот меч, српскиот првак загуби на домашен терен од француски Лил по продолженија (0-1, 0-2) и испадна од Лигата на Европа.
- Црвена Звезда - Лил 0-2:
„Црвено-белите“ со големи амбиции и во одлична атмосфера го дочекаа францускиот ривал, ама не успеаја да го остварат зацртаното. Во регуларниот дел Лил имаше предност од еден гол благодарение на голот на ветеранот Оливие Жиру, додека вториот гол во продолжението падна во 99. минута кога погоди Нгој. Имаше шанси Црвена Звезда да даде гол барем за пенали, ама не успеа.
- Ференцварош - Лудогорец 2-0:
Во следната рунда на Лига Европа патува и унгарски Ференцварош, кој на домашен терен со 2-0 го совлада бугарскиот првак Лудогорец и така ја анулира негативата од првиот меч на гостувањето во Разград.
- Штутгарт - Селтик 0-1:
Штутгарт, пак, на домашен терен доживеа изненадувачки пораз од Селтик (0-1), но овој резултат не влијаеше на патникот во следната фаза на Лига Европа затоа што „швабите“ на првата средба во Шкотска славеа со убедливи 4-1.
- Плзен - Панатинаикос 1-1, 3-4:
Мечот кој заврши најдоцна од терминот во 18:45 часот беше Плзен - Панатинаикос. Првиот дуел беше 1-1, исто беше и на реваншот, па решаваа пеналите за тимот кој оди во осминафиналето. Како победник излезе Панатинаикос, кој во серијата славеше со 4-3.







