ВИДЕО: Молк на „Џузепе Меаца“ - Јовиќ со мајсторски лоб го надмудри Хандановиќ! 

Фудбалерите на Ајтрахт Франкфурт им приредија вистински шок за фановите на Интер, и тоа по само пет минути игра од осминафиналниот реванш во Лига Европа. 

На „Џузепе Меаца“ германскиот тим има водство од 0-1, откако српскиот офанзивец Лука Јовиќ ја искористи првата шанса и со мајсторски лоб го надмудри „двометрашот“ Хандановиќ. 

Погледнете го погодокот на Јовиќ против италијанскиот гигант: 

Овој резултат го носи германскиот тим во четвртфиналето на Лига Европа, бидејќи на првиот натпревар во Франкфурт мрежите мируваа.