ВИДЕО: Молина го реши Хетафе, четврта победа во низа за Атлетико!

Атлетико Мадрид ја запиша четвртата победа во низа откако славеше со минимални 1-0 (1-0) над Хетафе во натпреварот од 28. коло на шпанската Примера

  • Атлетико Мадрид - Хетафе 1-0:

Резултатот беше отворен уште во осмата минута, кога мрежата на гостите ја затресе Аргентинецот Нахуел Молина, кој воедно го постави и конечниот резултат на мечот. Хетафе остана со играч помалку во 55. минута по исклучувањето на Абдел Абкар, со што значително си ги намали шансите за нешто повеќе на „Ванда Метрополитано“. 

„Јорганџиите“ на Диего Симеоне не успеаја да ја валоризираат бројчаната предност со нов погодок во мрежата, но сепак заслужено ги освоија трите бода, со кои го минаа Виљареал и се вратија на третата позиција на табелата. Атлетико во следното коло ќе го игра големото градско дерби против Реал Мадрид, а Хетафе гостува во Каталонија, каде ќе ги одмери силите со грогираниот Еспањол

Во вертикален пад е Атлетик Билбао, кој загуби од Џирона во Каталонија со 3-0. Лумбресас, Унахи и Ечевери ги постигнаа головиге за Каталонците.