ВИДЕО: Молде убедлив во Варшава, Ројал Унион приреди сензација во Германија

Екипата на Молде ја оправда улогата на фаворит и со две победи над Легија Варшава патува во осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА. По триумфот пред својата публика од 3-2, норвешкиот тим беше сигурен и на гостувањето во Полска и извојува победа од 0-3.

Творци на новиот успех на Молде во полската престолнина беа Гулдбрандсен со голови во 2. и 67. минута и Хешад, кој кон средината на првото полувреме погоди за 2-0.

Фудбалерите на Ројал Унион го приредија најголемото изненадување во плеј-оф фазата во Конференциската лига, бидејќи го елиминираа германскиот гигант Ајнтрахт Франкфурт. Ремито во Андерлехт од пред една седмица (2-2) го стави бундеслигашот во поволна ситуација, но незгодниот белгиски состав одново покажа карактер и квалитет и со победата од 1-2 останува во игра за трофејот во ова натпреварување. 

Вечерва сигурна победа и пласман понатаму забележа и тимот на Штурм. Австрискиот претставник одново беше подобар од Словен Братислава и со вкупни 5-1 патува меѓу шеснаесетте најдобри во третото по ранг натпреварување на УЕФА. Вечерашниот натпревар во Братислава заврши со 0-1. Осминафинале обезбеди и грчки Олимпијакос, кој со вкупни 2-0, по 1-0 на двата натпревари го елиминира тимот на Ференцварош. 

Уште синоќа Гент и  Макаби Хаифа играа 1-1, што ги квалификува Изрелците меѓу осминафиналистите.