ВИДЕО: Молдавскиот Петрокуб во 96. минута освои историски бод во КЛ

Екипата на Истанбул Башакшекир пропушти убава можност да дојде до првиот триумф во Конференциската лига и ремизираше против молдавскиот Петрокуб (1-1) (1-0). Домаќините имаа водство до самиот финиш, но не успеаја да впишат три бода, додека радоста на спротивната страна беше огромна. 

Стрелец на погодокот за домаќините беше Полјакот Кжиштоф Пјотек, кој прецизно реализираше удар од најстрога казна во 42. минута. Домашниот тим имаше повеќе од играта и создаде уште неколку добри шанси за поубедлив триумф, но на самиот крај дожвеа вистинска катастрофа откако Петрокуб успеа да израмни дури во 96. минута преку Ион Борс и се избори за херојски прв бод во европските натпреварувања. 

Турскиот тим сега има два бода и во следното коло ќе се соочи со германскиот Хајденјам, додека Петроклуб го освои првиот бод во ова натпреварување, а наредниот натпревар ќе биде уште потежок затоа што ќе се сретне со шпанскиот Бетис.