ВИДЕО: Молдавците го пречекаа светскиот првак со - погача и сол!

Франција дочек

Репрезентативците на светскиот првак Франција ќе гостуваат во Молдавија во првиот квалфикациски меч за Европското првенство 2020 година во рамки од групата Х.

Денес, експедицијата предводена од селекторот Дидие Дешамп беше дочекана на аеродромот во Чисинау. И како што е обичајот во сите словенски земји, вклучувајќи ја и Македонија, гостинот беше пречекан со погача и сол.

На овој гест наидоа француските ѕвезди предводени од Килиан Мбапе и Пол Погба.

Мечот се игра утревечер со почеток од 20:45 часот, а „триколорите“ ќе бидат големи фаворити за трите бода.