ВИДЕО: Моќно издание на Ливерпул, „петарда“ за Арсенал на „Енфилд!

Иако требаше да биде дерби и неизвесен натпревар, фудбалерите на Ливерпул на својот „Енфилд“ во рамките на 20. коло го совладаа тимот на Арсенал со убедливи 5-1 и по денешниот кикс на Тотенхем имаат огромни +9 пред лондончани и +10 пред Манчестер Сити, кој утре игра против Саутемптон.

Почетокот на натпреварот не наговестуваше лесна победа за четата на Клоп, бидејќи гостите од Лондон со голот на Ејнсли Мејтланд-Нилс поведе со 0-1 и најави изненадување. Но, така не мислеа и избраниците на Клоп и само пет минути подоцна и двата гола на Роберто Фирмино резултатот беше 2-1 за Ливерпул.

По пресвртот тимот на Емери едноставно се загуби на теренот, често грешеше на средината, а тоа „црвените“ го искористија во 32. минута и по одличната асистенција од Мохамед Салах, Садио Мане зголеми на комотни 3-1. И тоа не беше максимум од репертоарот на четата на Клоп, бидејќи во 47. минута Сократис во својот шеснаесетник го фаулираше Салах, кој потоа и го реализираше пеналот за високи 4-1 по првиот дел.

Во продолжение на натпреварот Ливерпул имаше целосна контрола врз играта, а во 65. минута Фирмино го комплетираше својот „хет-трик“, откако успешно го реализира пеналот, кој го изнуди Дејан Ловрен. По петтиот гол на домаќините, темпото на игра едноставно спласна и 5-1 остана како конечен резултат.

Во првиот натпревар во новата година, Ливерпул ќе гостува на „Итихад“ против Манчестер Сити, а Арсенал ќе го пречека тимот на Фулам.