ВИДЕО: Моќниот Баерн го „размонтира“ Лацио пред реваншот во Минхен

Баерн

Актуелниот владетел на Европа, Баерн Минхен, немаше проблеми на гостувањето кај Лацио (1-4) и речиси сигурно обезбеди пласман во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот: 

Римјаните треба да направат чудо на реваншот во Германија, кое никој не очекува да се случи, ако сакаат да продолжат со својот настап во елитното натпреварување.

Првиот дел беше кошмарен за домашниот тим и започна со катастрофална грешка на Мусакио. Наместо до Реина, топката ја додаде до Левандовски, кој рутински го отвори резултатот на „Олимпико“. Многу брзо Мусиала испиша историја и стана најмлад англиски фудбалер кој се запишал во листата на стрелци во натпреварувањето. Доминацијата на Баварците ја потврди Сане, искористувајќи еден отпадок, по ударот на Коман.

Многу брзо на стартот на вториот дел беа постигнати два гола. Ачерби ја затресе сопствената мрежа, а Кореа конечно го совлада Нојер и ја врати надежта кај својата екипа. Следуваше мирен период, во кој Баерн не дозволи домаќинот да го искористи добриот момент и рутински ја држеше топката во своите нозе. Контролата беше на страна на гостите, а тоа донесе нервоза кај играчите на Лацио и два жолти картони.

Последната шанса ја имаше и ја промаши Левандовски. Поточно Реина покажа одлични рефлекси и му одбрани добра прилика, спречувајќи уште потежок пораз за калчолигашот. Реваншот е закажан за 17 март на „Алијанц Арена“ во Минхен.