• Саше Љолес
Репрезентацијата на Холандија до 19 години е вториот финалист на Европското првенство, откако во полуфиналниот натпревар ја совлада селекцијата на Романија со конечни 3-1 (2-0).
Дон Конаду, Кис Смит и Ајмен Слити стрелаа по еднаш за „лалињата“, а почесниот погодок за Романците беше дело на Давид Барбу, кој ги постави конечните 3-1 во 68. минута од натпреварот.
Холандија беше многу подобар противник и сосема заслужено се пласираше во мечот за трофејот, каде ќе се сретне со репрезентацијата на Шпанија, која претходно ја елиминираше Германија во мечот кој заврши со неверојатни 6-5 за „фуријата“.
ФОТО/PHOTO: UEFA EURO Under19

