• Мартин Танасковски

Екипата на Фортуна Дизелдорф одигра неверојатен натпревар и сигурно славеше на гостински терен кај Бохум (0-3) во баражот за место во Бундеслигата.
Второлигашот неочекувано го надигра ривалот и дојде до првиот триумф на негов терен од 1990 година. Ова е огромен успех за Фортуна, која преку баражот цели на место во елитното друштво.
Во 13. минута Хофман си даде автогол и така гостите дојдоа до предност. Тоа беше резултат на паузата, а во второто полувреме Клаус и Енгелхарт ја потврдија победата на Фортуна пред реваншот на домашен терен.
Вториот дуел меѓу Фортуна и Бохум се игра на 27 мај.