ВИДЕО: Моќната Белгија ја прегази Костарика, Азар се повреди пред СП

Белгиската фудбалска репрезентација одигра моќно против Костарика и со четири гола во мрежата на противникот (4-1) се подготви за Светското првенство (СП) кое се игра во Русија.

Избраниците на Мартинез покажаа дека се во одлична форма и одиграа одлично против Костариканците кои исто така се учесник на Мундијалот. Првиот гол за Белгија падна по 31. минута кога погоди Дриес Мертенс, а десет минути подоцна во мрежата на Костарика стрелаше и Ромелу Лукаку.

Истиот фудбалер во 50. минута погоди и третпат, додека четвртиот гол за Белгија го постигна Батчуаији. Костарика, пак, прва поведе на мечот преку Руиз во 23. минута од натпреварот.

Лоша вест за Белгија е повредата на Еден Азар пред СП. Најдобриот фудбалер на Белгијците го напушти теренот во 70. минута потскокнувајќи, но од селекцијата се надеваат дека ќе биде подготвен за Мундијалот.