ВИДЕО: Моќен втор дел на „ѓаволите“, новиот Јунајтед го положи тестот против Ленс

Трофејниот Манчестер Јунајтед со победа и одлично второ полувреме се претстави на „Олд Трафорд“ на првиот пријателски натпревар во својот дом ова лето, а последен тест пред почетокот на Премиер лигата.

Попладнево на „Театарот на сништата“ падна Ленс со 3-1 (0-1). Ланскиот хит во Лига 1 го надигра тимот на Тен Хег во првиот дел, но затоа во продолжението следеше пресврт, два брзи гола и рутинска победа на „ѓаволите“.

Маунт не реализира колосална шанса во првиот дел, а Онана прими гол од половина терен од Сотока во 23. минута. Во вториот дел некој сосека поинаков Јунајтед излезе на терен и ги декласира Французите. Рашфорд, Антони и Касемиро постигнаа голови за конечен триумф од 3-1.

  • Извештај од натпреварот: 

Пред натпреварот преку 70.000 луѓе ги претставија новајлијата Расмус Хојлунд од Аталанта.