ВИДЕО: Моќен Интер во Неапол, Елмас и дружината разнесени дома!

Екипата на Интер одигра доминантен натпревар и со победа во дуелот со Наполи (3-0) тимот на Симоне Инзаги се врати на врвот во Серија А. Нераѕурите беа надмоќни во однос на ривалот, кој не прикажа премногу и овој меч немаше ниту „Д“ од дерби со исклучок на стартните дваесет минути кога Наполи го стави голманот Јан Зомер на мака.

  • Извештај од натпреварот:

Уште во 13. минута Интер даде гол преку Маркус Турам, но беше поништен поради недозвлена позиција. Потоа Елмас, кој тргна од првата минута, во два наврати го стави Зомер на тест, ама чуварот на мрежата на нераѕурите беше на ниво. Иако проблем беше и повредата на Де Вриј, Интер собра сила да поведе.

Се играше 44. минута кога Хакан Чалханоглу даде ефектен гол. Играчот на Интер шутира силно од дваесетина метри и ја скина мрежата на домаќинот, за предност на тимот од Милано. Тоа беше резултатот и на паузата, а во вториот дел Николо Барела по една добра тимска акција во 62. минута зголеми на 2-0. Точка стави Маркус Турам со гол во 85. минута.

Интер со овој триумф има 35 бода и е пред Јувентус, кој собра 33 бода. Наполи е петти со 24 бода и тешко дека до крајот ќе биде конкурентен за титулата.

Состави

Франческо Калцона

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-2