• Мартин Танасковски

Екипата на Арсенал по седум години се врати во Лигата на шампионите и тоа на каков начин, со убедлива победа над ПСВ Ајндховен (4-0) во првото коло од натпреварувањето, во меч кој се одигра на „Емирати“.
- Арсенал - ПСВ 4-0:
„Топџиите“ го одиграа можеби најдоброто европско полувреме во поновата историја. Му дадоа три гола на ривалот за половина час и со тоа беше доста полесно да се игра. Мечот го отвори Букајо Сака во 8. минута, кој погоди на деби-настапот во Лигата на шампионите. Англичанецот по една одбиена топка успеа да реалзиира во мрежата на холандскиот тим.
Се играше 20. минута кога Сака се претвори во асистент, а погоди Тросард, а потоа овој играч асистираше до Габриел Хесус и во 38. минута на „Емирати“ веќе беше 3-0 за домашниот тим. Печат на триумфот стави Мартин Одегард во 70. минута.
- Севиља - Ленс 1-1:
Во вториот меч од групата Б, Севиља дома не успеа да слави со повратникот Ленс (1-1). Освојувачот на Лигата на Европа дојде до предност уште во 9. минута со гол на Иван Ракитиќ, меѓутоа францускиот тим во 24. минута израмни преку Фулџини. Во вториот дел и двете екипи имаа шанси, но не ги искористија.
Ељиф Елмас и Наполи ја отворија новата сезона во ЛШ со победа. Италијанскиот првак освои важни три бода на стартот на гости кај незгодната Брага (1-2). Пред крајот на првиот дел Ди Лоренцо донесе предност за наполитанците, а откако во 84. минута Брума израмни на 1-1, на две минути пред крајот, несреќниот Ниакате си постигна комичен автогол за победа на сините.
- Брага - Наполи 1-2:
Второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите се игра за две недели.