Мојсов пак во идеалниот тим на колото на Кипар

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов повторно е во фокусот на Кипар и е во идеалниот тим на изминатото коло во најелитниот шампионат.

АЕК Ларнака го совлада лидерот Аполон, а Мојсов ја држеше одбраната под контрола и неговиот тим остана без примен гол. Во нападот, пак, одличен беше Иван Тричковски, но за него немаше место во идеалниот тим на 30. коло.

Мојсов игра одлично на Кипар, а поради тоа пред извесен период доби и нов договор од АЕК Ларнака до 2020 година.