Мојсов го водеше АЕК Ларнака до стартна победа на Кипар

Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов продолжи да импресионира во дресот на АЕК Ларнака и со погодок го водеше својот тим кон триумф над Олимпијакос Никозија (2-0).

Дефанзивецот имаше одличен меч со Плзен во Лигата на Европа, а со добрите настапи продолжи и во првенството. Тој го постигна првиот погодок за водство на кипраните во 39. минута, додека точка на победата стави Акоран во 91. минута.

Мојсов не се најде на списокот на Ангеловски за претстојните квалификациски натпревари за СП 2018 против Израел и Албанија. За АЕК Ларнака ова беше одличен старт на новото првенство.