Мојсов игра во одлична форма за АЕК Ларнака, пак се најде во идеалниот тим

Даниел Мојсов, стоперот на кипарска АЕК Ларнака, игра во одлична форма и повторно доби место во идеалниот тим на колото на кипарското првенство.

АЕК Ларнака одлично му се спортистави на првакот АПОЕЛ (0-0) и остана во игра за Европа, а токму Мојсов беше еден од столбовите во одбраната на оваа средба. Тој ги стави дефанзивците на ривалот „в џеб“, а сето тоа му донесе место во идеалниот тим на колото на Кипар.

Не е првпат Мојсов да се најде во идеалниот тим оваа сезона. АЕК Ларнака, од чии редови дел е и Иван Тричковски, игра во „шампионската група“ на Кипар, а во наредното коло се соочува со Омонија.