Мојсов: Ако испочитуваме 70% од она што го договараме – ќе се пласираме понатаму

Екипата на Тиквеш минатата сезона повеќе од заслужено го освои првиот клупски трофеј, откако триумфираше во Купот на Македонија. Благодарение на тој успех кавадарчани си обезбедија дебитантски настап на меѓународна сцена. Во рамките од првото коло од квалификациите за Конференциската лига, Тиквеш ќе се судри со Брајдаблик од Исланд.

Тренерот Ѓорѓи Мојсов на денешната прес-конференција го најави дуелот против исландскиот претставник.

„Собравме доволно информации за противникот и мислам дека ако испочитуваме 70% од она што го договараме – ќе се пласираме понатаму. Оптимист сум како и секогаш и нема да биде изненадување ако обезбедиме второ коло и се соочиме со Дрита. Буџетот на Тиквеш е зголемен и голема благодарност до сите особено до градоначалникот Митко Јанчев. Публиката е спремна, ние сме спремни и голема благодарност до медиумите кои не испочитуваа во ова наше европско деби. “, вели тренерот Ѓорѓи Мојсов.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Бреидаблик ќе се одигра в четврток на Арената во Скопје