Мојс се врати пак да спасува, ќе го „гаси пожарот“ во Вест Хем

Англискиот премиерлигаш Вест Хем официјално го именува Дејвид Мојс за старо-нов предводник на „чеканите“.

Мануел Пелегрини доби отказ по поразот од Лестер Сити, а на кормилото се враќа познато име. За Мојс ова ќе биде втор мандат во лондонскиот премиерлигаш, затоа што веќе претходно, во сезоната 2017/18 го спаси тимот од испаѓање.

Мојс ја победи конкуренцијата на Нико Ковач и управата на Вест Хем сакаше да избере сигурно решение и затоа го врати Мојс, кој веќе еднаш среде сезона ја оствари целта со „чеканите“. Шкотскиот стратег на клупата на Вест Хем ќе дебитира против Борнмут во 2020 година. Мојс во минатото покрај во Вест Хем работеше и во Евертон, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад.

Вест Хем во новата година ќе влезе како 17-ти со само 19 освоени бода, Мојс ќе дебитира на домашен терен против Борнмут.