„Мојот Партизан би бил во врвот на табелата и во петте најсилни лиги“

Партизан и трета сезона по ред остана без титула, па токму овој трофеј е приоритет за екипата на Саво Милошевиќ оваа сезона.

Саво Милошевиќ вели дека неговиот тим може да слави на првиот натпревар во Крушевац, но само под еден услов.

„Секој противник е тежок и незгоден во првото коло. Реков дека го имаме најтешкиот противник откога сум во Партизан. Се обидов да го подготвам тимот за тоа што нè чека во Крушевац. Само ако излеземе со мотив како да се работи за европски натпревар или против Црвена Звезда, можеме да се надеваме на добар резултат. 

Многу тешко ми е да проценам, но овој Партизан сигурно би бил во горниот дел од табелата и во петте најсилни европски лиги“, рече Милошевиќ.

Најпознатото име во Партизан секако е Лазар Марковиќ кој меѓу останатите клубови играше за гиганти како Ливерпул, Бенфика, Спортинг и Фенербахче. Тој пристигна минатото лето, но малку играше, па оваа сезона за него е шанса да се докаже.