ВИДЕО: Мохамеддд Моо Салаххх – се прошета крај Луис и го потопи Арсенал на „Енфилд“!

Екипата на Ливерпул игра полетно во големото дерби на англискиот фудбал против Арсенал, а најзаслужен за тоа е првата ѕвезда на „црвените“ Мохамед Мо Салах.

Можеби се очекуваше големо надмудрување на „Енфилд Роуд“, но Салах не го дозволи тоа и на негов погол Ливерпул има водство од високи 3-0. Во првиот дел погоди Матип, додека за само 10 минути во вториот дел десното крило на Ливерпул двапати ја стреси мрежата на Лено, а вториот го постигна на мајсторски начин, откако прво се прошета покрај Давид Луис за потоа рутински да реализира.

  • Погледнете го голот на Салах за водство од 3-0 на Ливерпул против Арсенал: