Мохамед Сисоко ја заврши фудбалската кариера

Еден од африканските фудбалери кои оставија трага во Европа во последната деценија, денес објави фудбалска пензија. 

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Мали, Мохамед Сисоко ги закачи копачките на клин на 34-годишна возраст.

„Ова е многу тежок избор. За мене, ова е исклучително тешка одлука, затоа што секогаш сум бил вклучен во фудбалот, тој е мојот живот. Дојде време за крај на фудбалската кариера“, кратко изјави Сисоко.

Фудбалерот за врска од Мали ја започна својата кариера во 2002 година во Оксер, од каде една година подоцна се пресели во Валенсија. Во 2005 година, дојде во Ливерпул, а три години подоцна се пресели во Јувентус. Играше уште и за ПСЖ, Фиорентина, Леванте, во Кина, Индија, Индонезија, Мексико и Хонг Конг.

Сисоко беше миленик на фановите во голем број од екипите за кои што настапуваше.