• Горан Упале
Португалскиот прволигаш Каса Пиа се засили со талентираниот белгиски фудбалер со мароканско потекло, Мохамед Салах кој пристигна од Ломел за обештетување од 400.000 евра.
22-годишниот фудбалер, кој настапува на позицијата десно крило, потпиша четиригодишен договор со новиот клуб. Станува збор за играч кој се одликува со брзина и одлична игра „еден на еден“, а неговите квалитети му донесоа и два настапи за младинската репрезентација на Белгија.
Интересно е што тој го носи истото име како легендата на Ливерпул и новото засилување на Трабзонспор, но засега е далеку од нивото на својот познат имењак. За Ломел одигра 67 натпревари, на кои постигна 12 гола и забележа 11 асистенции. Поголемиот дел од настапите ги имаше во вториот ранг на белгискиот фудбал, додека во елитата запиша само 57 минути на четири натпревари.
Новиот клуб на Белгиецот минатата сезона едвај обезбеди опстанок во најсилната португалска лига, откако во плеј-аутот го совлада Торенсе. Сепак, стартот на новата сезона е далеку од идеален, Каса Пиа загуби на сите четири натпревари, а дополнително загрижува и гол-разликата од 0-11.


