Ница не прими гол на осми меч по ред и се врати во победнички колосек

Ремито со Монпелје во претходното коло е заборавено, фудбалерите на Ница им се вратија на старите навики во домашниот шампионат и впишаа нови важни три бода на своето конто. 

Во првиот натпревар од денешната програма во Лига 1, досегашното најпријатно изненадување во шампионатот со минимални 1-0 го совлада составот на Тулуз и се врати на само еден бод негатива во однос на моќниот ПСЖ, кој пред два дека беше убедлив во дербито со Монако.

Клубот на идниот ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џејми Ратклиф и по 13 кола е единствениот тим без пораз во француската фудбалска елита, а на денешната средба со Тулуз до посакуваните три бода стигна со само еден погодок. Творец на истиот беше Мофи на додавање на Сансон во 54. Минута.

Следен предизвик за Ница во Лига 1 е тимот на Нант, додека Тулуз излез од кризата (шест меча без победа) ќе брка на свој терен против Лориент.
 

Состави

Франческо Фариоли

4-3-3

    Carles Martinez

    4-2-3-1